сабота, 22. септември 2018. Вести денес: 57
home ТВ и Филм

Беше „Сам дома“, а сега по многу години го открива големиот пропуст во сценариото на култниот филм (ВИДЕО)

Приказната на двете продолжение добро им е позната на сите – релативно богато семејство Мекалистер заминува на божиќно патување, а со сплет на околности едното дете, Кевин, го заборават дома. Двајца крадци доаѓаат во нивна населба со намера да изведат низа големи кражби, а особено им е привлечна куќата на семејството Мекалситер.
Беше „Сам дома“, а сега по многу години го открива големиот пропуст во сценариото на култниот филм (ВИДЕО)

Првиот и вториот дел од филмот „Сам дома“ дефинитивно спаѓаат во најпопуларните божиќни филмови, а веќе со години фановите ги следат животните падови и успеси на неговата ѕвезда, Меколи Калкин.

Сега изгледа дека конечно го средил животот, а во неодамнешно гостување во u “The Tonight Show со Џими Фелон”, открил која “дупка“ во сценариото на филмот „Сам дома“ го мачи сиве овие години.

Приказната на двете продолжение добро им е позната на сите – релативно богато семејство Мекалистер заминува на божиќно патување, а со сплет на околности едното дете, Кевин, го заборават дома. Двајца крадци доаѓаат во нивна населба со намера да изведат низа големи кражби, а особено им е привлечна куќата на семејството Мекалситер.

Во нивна намера да ја ограбат со низа стапици ќе ги спречи осумгодишното момче Кевин. Токму во тоа сценарио Калкин, кој ја толкуваше главната улога, пронаоѓа голем пропуст.

-Тоа момче е многу паметно, зарем не? Двајца крадци ќе провалат во неговата куќа, зошто тогаш едноставно не повика полиција? Тој прави голем план, кориси микробранови уреди, но реално, постојат телефонски линии, нема мобилен, но сепак. Милам дека тоа е една огромна дупка во сценариото, му кажал Калкин на Фалон.

До неодамна имал бенд чии песни најмногу беа преработки, а главната тема на текстовите била речиси секогаш пицата.