среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 119
home ТВ и Филм

Беше детски водител кој сите го сакаа, но сега е зад решетки поради детска порнографија

Беше детски водител кој сите го сакаа, но сега е зад решетки поради детска порнографија

Кај водителот на детската научно-образовна Јутјуб-емисија „Среќниот научник“ (The Happy Scientist), полицијата нашла поголемо количество детска порнографија.

Имено, кај Џон Роберт Крамф (64), се најдени „илјадници слики и видеа“, од деца, од кои некои се и под 12-годишна возраст, како што посочуваат извештаите на американската полиција.

Крамф објавува на Јутјуб од 2006 година, а досега имаше околу 8.000 претплатници. Каналот е отстранет. Претходно, тој човек имал и свое детско патувачко шоу под  назив „Мистер Електрик“.

Во операцијата на властите во Сент Џорџ, Јута, САД, се уапсени над 10 лица. (МИА)

Коронавирус