среда, 22. јуни 2022. Вести денес: 141
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home ТВ и Филм

Ања Тејлор- Џој во претпродолжението на „Лудиот Макс“

Ања Тејлор- Џој во претпродолжението на „Лудиот Макс“

Се појавија првите слики од претстојното претпродолжение на „Лудиот Макс“ под наслов „Фуриоза“, нудејќи им на обожавателите повторно поглед кон пусти земји со пост-апокалиптични постројки и возила својствени за овој серијал филмови.

Во петтиот дел од приказната ќе глуми младата и надежна Ања Тејлор-Џој како Фуриоза, т.е. помлада верзија на ликот на Шарлиз Терон од филмот што излезе 2015 година и освои шест „Оскари“. Актерот од Тор, Крис Хемсворт, исто така се приклучи на новиот проект, како главниот негативец…

Режисерот Џорџ Милер, кој го пишува и сценариото заедно со Ник Латурис, во неодамнешното интервју не откри многу подробности за филмот.

– Сѐ што можам да кажам за мојата возбуда и тоа што сега го правам е дека тоа е дефинитивно возбудливо, бидејќи иако секако е од светот на „Лудиот Макс“, има и многу разлики за кои зборуваме. Повторно, тоа е уникатно. И веројатно најголемата разлика е времето на приказната. „Лудиот Макс“ се случува во тек на три дена и две ноќи, а ова (новата приказна, б.п.) опфаќа распон од 15 години. Значи, тоа е вистиска сага, појасни тој.

„Фуриоза“ се снима во Австралија и треба да се појави во кината на 24 мај 2024 година.

Коронавирус