четврток, 6. мај 2021. Вести денес: 196
home ТВ и Филм

Александра Илиевска откри мисли за новите емисии на „Брза кујна“ со нејзината колешка Сања Савеска

Александра Илиевска откри мисли за новите емисии на „Брза кујна“ со нејзината колешка Сања Савеска

Водителката Александра Илиевска ужива во својата нова улога – мајка.

Имено, кон крајот на јануари, Александра и нејзиниот сопург Александар за првпат станаа родители на нивната ќеркичка Сара.

Парот ужива во секој заеднички моменти и во првите месеци со наследничката.

Илиевска често знае на социјалните мрежи да сподели фотографија со Сара, но досега го нема покажано нејзиното лиценце.

Бременоста на Александра беше и причината поради која таа не е дел од новата сезона на кулунарското шоу „Брза кујна“ . Наместо Александра, на нејзино место се најде нејзината колешка Сања Савеска која одлично се снајде во улогата.

Илиевска и покрај нејзините мајчински обврски, за „женски магазин“ откри дали ја следи новата сезона на „Брза кујна“ , што мисли за колешката и дали се уште е во контакт со Никола и Марк.

-Кога имам можност и време, да. Одлични се, и во ова време на пандемија кога емисијата ги следи сите протоколи и се снима без публика во студио која дефинитивно секогаш ја надополнуваше забавата на ова шоу. За жал новото време наметна нови правила кои мора да се почитуваат, но и на тој начин внесуваат секој ден радост во домот на сите гледачи на Сител ТВ“ вели Илиевска.

На прашањето дали по породилното се враќа на стариот ТВ ангажман, Александра вели:

-Времето ќе покаже што ќе се случува по породилното бидејќи панемијата навистина нè потсети сите дека долгорочните планови во секунда може да се променат. Па така пред сè посакувам да сме сите живи и здрави, а со кои работни ангажмани ќе продолжам или може нешто сосема ново ќе подготвам за ТВ или радио останува да ве изненадам“.

Водителката сега ужива во нејзината нова улога, а додека се врати има време.

 

Коронавирус