вторник, 25. јуни 2019. Вести денес: 45
home Познати

„Зошто не се вратиш во Македонија ако толку ја сакаш“- Тијана Дапчевиќ удри по хејтерите и им ја затвори устата на сите, но тоа не беше се

„Зошто не се вратиш во Македонија ако толку ја сакаш“- Тијана Дапчевиќ удри по хејтерите и им ја затвори устата на сите, но тоа не беше се

Познатата пејачка Тијана Дапчевиќ реши да им одговори на хејтерите кои со денови ја напаѓаат пејачката, како и нејзината сестра, претставничката на Македонија на Евровизија 2019 година.

-„Тијана зошто толку пишуваш за сестра ти?“, „Каква Северна Македонија??“, „Не пишувај така, поубаво остани во Србија“, „Зашто не се вратиш во Македонија, ако толку многу ја сакаш?“„Дијаспората нас не издаде“…

Е сега јас нешто да ве прашам: Дали ја слушнавте песната? М? Дали навистина ја слушнавте или ја претрчавте? Или немате никој повеќе да послушате, ни себе, ни некој друг.

А сега да одговорам на вашите прашања:

PROUD е она кога твојата сестра од 6 години гледа Евровизија и зборува „и јас еден ден ќе пеам тука“, иако поим нема ни која е таа во тој момент, а не што е Евровизија.

PROUD  е кога со месеци сите се како на игла додека се бира песната, фустанот, настапот и додека сите ги исфилтрираат добрите намери од лошите идеи, за да на крајот се добие настап од кој и времето застанува.

PROUD е кога она доаѓа на сцената, а јас имам впечаток да се е дојдено во исто време и никој претходно не бил на таа сцена.

PROUD е кога камерата ќе покаже крупен кадар на почетокот на песната и кога ја гледам право во очи и гледам дека тоа е тоа, дека нема потреба да се грижам, иако до пред три секунди не можев да дишам од трема.

PROUD е кога после настапот почнуваат да стигаат овации од сите страни, во облик на повици, пораки, солзи, смеење и навивање.

PROUD е кога знаеш дека секогаш имаш на кого да се ослониш.

PROUD е кога после 15 години го земаш виолончелото повторно во раце и апсолутно ништо не ме интересира, дали има некој фалш, бидејќи сакам на свој начин уште еднаш да покажам дека сум горда на себе, Тамара, сиот свој народ и сите оние кои не се откажале од своите соништа и од себе, пишува во својот статус Дапчевиќ.

 

Најнови вести