понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 0
home Познати

Зошто кралицата Елизабета носи две парички во чантата само во недела?

Зошто кралицата Елизабета носи две парички во чантата само во недела?

Славното кралско семејство има посебни и строги правила кога станува збор за однесувањето, но и облекувањето. Сите секогаш мора да изгледаат софистицирано и елегантно. Нивните модни комбинации секогаш се тренди и скромни, а Кралицата Елизабета не дозволува отскокнување од дозволеното.

Кралицата никогаш не се појавува на важни настани без чанта, а има повеќе од 200 идентични. Чантата и служи како знак со кој испраќа јасна порака.

Имено, кога сака да го напушти ручекот, чантата ја става на маса и тоа е знак за останатите дека се ближи крајот на ручекот.

Во својата чантичка кралицата носи огледало, кармин, бомбони, наочари за читање, а во недела задолжително носи и парички од пет и десет фунти за да остави паричен прилог во црквата.

Нејзин заштитен знак се костимите во шарени бои и шешири кои ги носи на официјални настани.

-Да не носам силни тонови, никој не би знаел кој сум јас, рече при една прилика кралицата Елизабета Втора.

Најнови вести

Коронавирус