недела, 24. октомври 2021. Вести денес: 72
home Познати

ЗНАЕЛ ДЕКА ИМА УШТЕ 24 ЧАСА ОД ЖИВОТОТ: Пејачот заврши во количка, а сега почина во болница

ЗНАЕЛ ДЕКА ИМА УШТЕ 24 ЧАСА ОД ЖИВОТОТ: Пејачот заврши во количка, а сега почина во болница

Натпреварувачот на „Икс Фактор“, Фреди Комбс почина на 49 години. Беше еден од најомилените натпреварувачи на публиката во текот на втората сезона на пејачкото натпреварување.

Неговата сопруга Каи откри дека починал поради откажување на бубрезите, а неговата смрт не е предизвикана од Ковид-19, пренесува ТМЗ. Фреди бил опкружен со семејството и пријателите во болницата во Флорида за време на неговата смрт.

Каи изјави дека ден пред неговата смрт знаела дела ќе умре, но дека била среќна што последниот ден го поминала со него.

– Многу сум благодарна затоа што му бев 25 години сопруга и најдобар пријател, додала таа.

Фреди претходно имал голем проблем поради дебелината, па затоа завршил во количка, а потоа во текот на натпреварувањето ослабел, меѓутоа никој не можел да предвиди дека ќе почине, иако работеше на своето здравје.

Локални избори 2021