петок, 25. септември 2020. Вести денес: 24
home Познати

Златните правила на принцезата Дајана кои секој родител треба да ги знае

Златните правила на принцезата Дајана кои секој родител треба да ги знае

Принцезата Дајана ќе остане во историјата како една од најсаканите членови на кралското семејство. Ги освои срцата на милиони луѓе ширум светот и го смени значењето на терминот „кралска личност“ засекогаш. А, причините се многу – почнувајќи со добротворни иницијативи, продолжувајќи со смелите модни подвизи и завршувајќи со одгледување на две прекрасни момчиња.

Погледнете ги златните принципи на воспитување на принцезата Дaјана, од кои можеме да се инспирираме како идни и сегашни родители:

Бидете со вашите деца. Не избирајте го лесниот начин

Принцезата Дијана многу сериозно ја сфаќаше својата улога на мајка. Иако кралската етика не го дозволуваше тоа, таа ги избира имињата на своите синови и ги доеше постојано.

Поминете што повеќе време со нив

Иако Лејди Ди немаше државна работа, нејзиниот распоред беше полн со кралски ангажмани. Сепак, таа успеваше да ги синхронизира со слободното време на принцот Хари и принцот Вилијам за да бидат заедно.
Луѓе блиски до принцезата велат дека одговорностите на нејзините синови секогаш се вметнувале во нејзината агенда, така што таа можела да го искористи секој дел од своето слободно време за да биде со нив.

Прегратките никогаш не се доволни

Топла мајчинска прегратката е најубавиот спомен што принцот Хари го има од своето детство: “Таа само ме гушкаше, ме држеше силно, а јас бев толку мал што не можев да побегнам. Дури и сега, кога зборувам за тоа, како да го чувствувам нејзиниот допир. Ми недостасува многу. Надвор од рефлекторите, таа беше толку топла, грижлива и многу забавна.”

Забавувај се. Не сфаќај се‘ премногу сериозно

Во 1990 година. Принцезата Дајана играше во песок со своите синови и нивните пријатели. Па, само затоа што е кралска личност не значи дека не може да се забавува, нели?

Обезбедете им разновидни и возбудливи искуства

Одмор во зима, на скијање, летото во аква парк, сладолед за десерт – сон на секое дете! И не мора да бидете кралско семејство или милионери за да поминете забавно семејно попладне во паркот, нели?

Обрнете посебно внимание на развојот на детската емоционална интелигенција

-Сакам моите момчиња да ги разберат туѓите чувства, стравови, надежи и соништа, изјави принцезата Дајана во едно интервју.
Таа не само што разговара со децата за нивните привилегии, туку и ги носи во болници и сиропиталишта за да се запознаат со други, обични луѓе. Вилијам го искоментира ова искуство на следниов начин: “Тоа беше многу отрезнувачки за мене. Мило ми е што го стори тоа. Ова искуство ќе остане во мојот ум долго време”.

Коронавирус