сабота, 28. март 2020. Вести денес: 108
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Познати

Животот на Џоли и децата е превртен наопаку, виновен е Бред Пит

Животот на Џоли и децата е превртен наопаку, виновен е Бред Пит

Добитничката на Оскар кон Бред чувствува горчина, бидејќи смета дека ги превртел наопаку животите на нивните шест деца. Наводно Анџелина не сакала да се омажи за Бред, а по разводот одлучила дека никогаш повеќе нема да се венча.

-Анџелина и натаму е огрочена поради Бред. Сака да преземе одговорност, бидејќи тој и го преврте животот наопаку. И на неа и на нејзините деца, изјавил изворот.

44-годишната актерка моментално снима филм во Шпанија, а неодамна изјавила дека би сакала да живее во странство, но не може да отсели поради поранешниот сопруг.

-Разводот навистина беше компликуван. Пред крајот на мојата врска со Бред не можев да се препознаам, како да изгубив дел од себе…Станав се помала, неважна, иако не го покажував тоа”, изјавила актерката и додала дека била вистински повредена.

Поранешниот пар има шест деца – синовите Мадокс, Пакс и Нокс, и ќерката Захара, Шајло и Вивиен.