среда, 8. декември 2021. Вести денес: 117
home Познати

„Живеев кај Марина Туцаковиќ кога дојдов во Белград“ – тажното минато на Вики Миљковиќ: „Ги изгубив и мајка ми и татко ми“

„Живеев кај Марина Туцаковиќ кога дојдов во Белград“ – тажното минато на Вики Миљковиќ: „Ги изгубив и мајка ми и татко ми“

Пејачката Вики Миљковиќ се присети на почетокот на нејзината кариера, кога најмногу и помогна текстописецот Марина Туцаковиќ, која неодамна почина.

Вики дошла од родниот град Ниш во Белград како тинејџерка, а потоа Марина ја примила во својот дом.

– Дојдов во Белград на 14 години, живеев со неа. Таа ме научи многу и создаде многу – изјави Вики.

Пејачката рече дека засекогаш ќе им биде благодарна на Марина и нејзиниот сопруг, Александар Радуловиќ Фута.

– Марина Туцаковиќ е некој со кој пораснав, некој што ме создаде мене и мојата кариера. Благодарна сум и на Марина и на Фути. Жал ми е што Марина не се обиде да ја победи злобната болест порано. За жал, ги загубив и татко ми и мајка ми од таа болест. Тешко ми е – рече Вики.

Коронавирус