четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 74
home Познати

Згодниот италијански фудбалер стана порно-актер (ФОТО)

Згодниот италијански фудбалер стана порно-актер (ФОТО)

24-годишниот италијанец Давиде Џовинела ќе го смени фудбалот со порното. Дефанзивецот го направи овој потег, очајувајќи поради недостаток на пари, играјќи во долниот дел од италијанскиот фудбал.

Пред да се сврти кон порното, тој исто така се обидел како жиголо.

-Барав жени со пари, но со повеќе проблеми од моите. Понекогаш ме викаа само за да поразговараме на кафе, изјави Џовинела пред швајцарскиот весник „Ле Темп“.

Во кариерата на фудбалер тој играл во тимови од Серија Д и имал можност да се искачи во погорно ниво, но алчен агент го „изиграл“.

Така тој е вклучен во кастинг за порно актери и е избран од 3.000 кандидати. Го канат во Будимпешта, каде што се снимаат најмногу филмови за возрасни и почнува обука во „Siffredi Hard Academy“, предводена од легендарниот Роко Сифреди, кој гледа огромен потенцијал во него. Самиот Давиде е импресиониран од него.

-Тоа е како Марадона да ве учи фудбал, вели фудбалерот, кој добива од Сифреди уметнички псевдоним.

Во филмовите тој ќе се вика Давиде Монтана. Платата од порното зависи од ангажманот и е на ден. За него најдобра опција е да си најде клуб во Будимпешта, но не сака повторно да си има работа со агенти.

-Порно е како вистинска работа. Шест дена снимање, различни необични пози, не е како да се наоѓате во кревет со девојката, вели Давиде.

Коронавирус