петок, 5. март 2021. Вести денес: 101
home Познати

Згодна роденденка: Милена Антовска на Стара Нова Година имаше убав повод за славење (фото)

Згодна роденденка: Милена Антовска на Стара Нова Година имаше убав повод за славење (фото)

Шармантната ТВ водителка која од понеделник до петок им посакува добро утро на гледачите на Канал 5, Милена Антовска, на Стара Нова година славеше роденден.

Славеничката од раните утрински часови беше роденденски расположена на своето работно место радувајќи се на престојниот ден.

„Нормално е да се радувам како мало дете затоа што ми е роденден?“, се праша водителката во едно видео кое го објави во кусите приказни на „Инстаграм“.

Поради коронавирусот Антовска најверојатно роднеденот го прославила без големи помпи и прослави, во кругот на семејството.

Славењето започна во раните утрински часови во нејзиното студио од каде позираше во ултра краток црн фустан, па ги истакна своите долги, затегнати нозе.

Прво позираше без насмевка, во сериозно издание седната на софата во студиото, а потоа позираше со насмевка на лицето.

„Прво озбилна“, напиша Милена покрај фотографијата.

„После насмеана од уво до уво“, напиша до другата објава.

Антовска доби еден куп честитки по повод нејзиниот роденден, но сигурно добила и многу комлименти за нејзиниот изглед.

Среќен роденден Милена!

Најнови вести

Коронавирус