среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 119
home Познати

Жените ќе полудат по него: Сопругата објави видео од комичарот додека вежба- неговото тело и изглед е непрепознатлив (ВИДЕО)

Жените ќе полудат по него: Сопругата објави видео од комичарот додека вежба- неговото тело и изглед е непрепознатлив (ВИДЕО)

Комичарот Саша Барон Коен е најпознат по улогата на Борат, а една од најзапаметените сцени секако е онаа во која тој шета во монокини.

Токму поради тоа и многумина се изненадија кога неговата сопруга Исла Фишер објави снимка на која Коен е гол и крева тегови.

Имено, Саша е номиниран за Златен глобус за улогата во серијата на Нетфликс, „The Spy”, а неговата сопруга јавно му честитала и опишала колку труд вложил за таа улога.

„Многу сум горда поради номинацијата. Толку се трудеше за трансформацијата за таа улога, не само што мораше да се затегне, туку мораше да научи и три дијалекти, вклучувајќи го и сирискиот, па живееше во Касабланка, главно беше соживеан со ликот, четири месеци додека траеше снимањето“, напишала во опис на фотографијата.