вторник, 10. декември 2019. Вести денес: 166
home Познати

Жељко Јоксимовиќ открива како Јована го освоила со еден детаљ

Жељко Јоксимовиќ открива како Јована го освоила со еден детаљ

Пејачот Жељко Јоксимовиќ (47) откри како неговата сегашна сопруга, ТВ водителката Јована Јоксимовиќ (38) успеала да го освои.

За прв пат, Јоксимовиќ раскажа интересен детаљ од почетокот на нивното запознавање и откри дека тој првично малку се двоумел, но Јована „го купила“ со еден детаљ.

-Кога се запознавме Јована ме возеше еднаш, имаше супер бесен автомобил и тоа ви е ексклузива за вас. Таа ме вози на тој начин, исто така, и јас само ја отворив фиоката за да видам што музика има, тука беа некоа цедеа на кои ништо не пишуваше, а меѓу нив моето ЦД, тоа беше пресудно! Некое време се двоумев, но кога го видов тоа бев сигурен, вели Жељко за Телеграф.рс.

Јована пак вели дека нема слух за музика, но дека, за среќа, децата го повлекле талентот од нивниот татко.

-Вечерва сум само придружба. Јас немам слух, но сакам музика, а децата се на Жељко, откри познатата водителка.

Најнови вести