недела, 19. јануари 2020. Вести денес: 0
home Познати

Желбата која Карлеуша ја има 12 години, ќе се исполни на 31-ви декември

Желбата која Карлеуша ја има 12 години, ќе се исполни на 31-ви декември

Претстојниот дочек на Нова година, Јелена Карлеуша ќе го помни како нешто посебно. Иако обично не работи во најлудата ноќ, популарната пејачка оваа година ќе настапува на две локации.

Но, поважно од кариерата и е што таа ноќ ќе ја дочека во кругот на семејството.

-Ќе се потрудам барем до полноќ, со мене да бидат ќерките Атина и Ника. Со нас ќе биде и сопругот Душко. Во Кина има два месеца пауза, што не ни се случило во овие 12 години, колку што сме заедно. Прв пат, како семејство, сите сме заедно, открила Јелена.

Исто така Јелена на сите свои обожаватели им испрати една многу силна новогодишна порака.

-Живејте за убавите моменти. Никогаш не знаете кога нешто лошо ќе се случи, болест, заминување на драга личност, порачала пејачката.