среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 176
home Познати

Здравко Чолиќ бил вљубен во неа и таа во него: Вака денес изгледа првата љубов на Чола, познатата босанска глумица! (ФОТО)

Здравко Чолиќ бил вљубен во неа и таа во него: Вака денес изгледа првата љубов на Чола, познатата босанска глумица! (ФОТО)

Пејачот „за сите генарации“ штом се запознал со актерката Јасна Орнелa Бери во раните 1970-ти, веднаш се заљубил во неа, а дури 47 години подоцна, таа првпат проговори за нивната врска.

Здравко Чолиќ речиси 20 години ужива во хармоничен брак со сопругата Александра, со која има две ќерки, Уна и Лара.

За него е познато дека никогаш не сакал да го разоткрива својот приватен живот, па само во ретки прилики можевме да видиме како изгледале неговите придружнички. Само малкумина се сеќаваат на неговите љубовни авантури за кои пишуваа медиумите во Југославија, а една од нив беше онаа со глумицата Јасна Орнели Бери.

Во раните седумдесетти години, во Сараево, каде и двајцата живееле, се случила средба помеѓу Чола и неа и веднаш се родила љубов. Јасна ја сметале за една од најубавите девојки во Југославија и како што се пишувало во тоа време, љубовта кон неа на Здравко била искрена и голема. Јасна, исто така, ќе посведочи за овој период, но само 47 години подоцна.

„Се запознавме како многу млади, беше одамна. Отидовме во Скендерија, Дом на млади, во која се собраа таленти, а немаше само музичари, туку и актери, сликари. Ние се дружевме и тоа е местото каде што за прв пат се заљубив. Сите имаме прва љубов и секогаш ќе имаме еден дел во срце што е само резервирано за неа. Особено затоа што имав прекрасно искуство што ќе го паметам целиот живот“ – истакнала актерка за еден босански медиум.

Како што ќе рече, нивните патишта се раздвоиле, а повторно за прв пат се сретнале во Белград, по војната.

„Беше тоа многу емотивна средба. Здравко Чолиќ е личност која шири позитивна енергија. Тој има нешто во себе. Сега, после толку години, тој успеа да го разбуди тоа нешто во мене. Тој е добар човек. Го сакам неговиот карактер, таа искра во окото што никогаш не престанува да зрачи“ – рекла Јасна и продолжила:

„Сè уште е тоа љубов, само што сега не можете да ја помилувате и да ја држите за рака. Здравко ќе остане секогаш сечиј и ничиј. Како прво, тој е добар човек. Чола ми ја посвети песната „Ноќта ми те должи“ („Noć mi te duguje“ ) – ќе заклучи таа.

Јасна е родена во 1954 година во Зеница. Таа глумеше во филмовите: „Жикина династија“, „Нафаки“, „Грбавица“, „Во земјата на крвта и медот“ и неколку други филмови. Но, нејзината најпозната улога е онаа на Маца во „Убавината на порокот“, каде има сцена со Мима Караџиќ, во која ја изговара познатата реченица: „Дали си ти поп или е*ач?“

Фото: Драган Кадиќ/ Инстаграм и Јутјуб принтскрин

ИЗВОР: ВИСТИНА.МК

Коронавирус