понеделник, 10. август 2020. Вести денес: 0
home Познати

Ѝ здосади урбаниот живот, Станија си купи нива

Изгледа дека решила да стави точка на гламурозниот живот кој го водела до сега, па почнува да се занимава со земјоделство
Ѝ здосади урбаниот живот, Станија си купи нива

Станија Добројевиќ, неодамна како што пренесуваат српските медиуми, го продала својот стан во Нов Сад, а тие пари ги вложила во бизнис – во околината на Рума купила огромна нива на која планира да развие бизнис.

Имено,  Добројевиќ го продала својот луксузен стан во центарот на Нов Сад бидејќи изгледа дека урбаниот начин на живот и здосадил, а својот мир го пронашла во околината на Рума, во семејната куќа.

Таа за гарсоњерата од 25 квадрати земала неверојатни 55.000 евра, а на нивата ќе одгледува пченица, пченка и овес.

Со остатокот од парите, таа земала стан во изградба во Рума.

-Решив да се посветам на органска козметичка линија, затоа и ја купив нивата. Сакам да садам она што ми треба за производство на козметиката. На тоа ме наговори мојот брат Сани, заедно сме во овој бизнис. И знам дека ќе успееме, открила Станија за српските медиуми.

Станија купила голема нива со површина од 3 хектари, која се наоѓа во близина на езерото Борковач.

-Купи нива од три хектари и веќе засади пченица која ќе ја користи во производство на својата козметичка линија. Таа веќе има чај за слабеење од различни тревки, млеко за тело и лусион. Сите билки кои порано ги користела, ги купувала од други, а сега ќе ги сади на својата нива, раскажала сосетка на Станија од Рума, пренесуваат српските медиуми.

 

Коронавирус