вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 51
home Познати

Завршува најголемото непријателство во Холивуд: Смирување на годината- Џенифер Анистон прва ѝ прозборе на Анџелина Џоли?

Завршува најголемото непријателство во Холивуд: Смирување на годината- Џенифер Анистон прва ѝ прозборе на Анџелина Џоли?

Дали Џенифер Анистон и Анџелина Џоли конечно се смирија? Добро информирани извори тврдат дека информацијата е точна.

Процесот на помирување се одиграл на забавата која ја оргранизирала Reese Witherspoon, пишува американскиот таблоид Woman’s Day.

Двете актерки поминаа повеќе од една деценија избегнувајќи се, ама и двете прифатија да дојдат на роденденската забава на својата колешка, која им помогна да ги закопаат секирите.

“Рис со години балансираше меѓу нив две и секако дека не и беше лесно, сепак одлучии двете да ги пoкани на роденденот“, вели изворот и додава дека Анистон прва се доближила до Џоли и прозборела со неа.

“Во тој момент, се чинеше дека сите очи се вперени во нив две, и се чувствуваше тензија. Името Бред Пит не се спомнуваше, но Анџелина наводно изјавила дека и е криво што Џенифер се раздвоила од Џастин.

Од друга страна портпалорот на Анистон демантираше дека до оваа средба воопшто дошло.

Најнови вести