вторник, 2. јуни 2020. Вести денес: 105
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Познати

Заведе илјадници мажи во светот, а сега се сврши со својата девојка (ФОТО)

Заведе илјадници мажи во светот, а сега се сврши со својата девојка (ФОТО)

„Љубовта е поголема од сè и не можете да одберете во кого ќе се вљубите“, рекла тогаш британска поп-sвезда и секс-симбол на осумдесеттите години, во времето кога се за вљубила во својата долгогодишна девојка Мира Стретон. Поминале 12 години заедно, а пред четири години, Мира ја изгубила битката со ракот и починала.

Сепак, денес, Саманта ја пронашла среќата во прегратката на осум години помладата Норвежанка Линда Олсен, со која сега и се свршила.

– Самната и Линда се многу среќни и сакаат да го поминат остатокот од животот заедно. Вљубени се, се сакаат и сакаат тоа да биде и официјално – изјавил извор за „Сан“.

Поради пандемијата на коронавирус, Саманта и Линда одлучиле да ја откажат свадбата до понатаму, но веќе се шпекулира за можниот датум.

Поп-пејачката Саманта Фокс (53) своевремено ги мамаше воздишките на мажите ширум светот. Но, во текот на престојот во реалното шоу „Големиот брат“ признала дека ја привлекуваат жени и со тоа скршила срца на многу мажи.

Саманта во осумдесеттите години беше една од најпосакуваните познати дами во светот, а на возраст од 16 години, кога ја почна кариерата, беше јасно дека ќе стане ѕвезда. Таа прво беше моделка, а потоа во 1986 година влезе во светот на поп-музиката. Читателите на еден британски таблоид во 2006 година ја прогласија за „најдобра девојка од дуплерка на сите времиња”. Саманта Фокс за „Плејбој“ се фотографираше во 1996 година и не крие дека со задоволство повторно би го направила тоа денес. Таа сака да им докаже на жените дека нема ништо лошо во стареењето.

Коронавирус