недела, 22. јули 2018. Вести денес: 21
home Познати

Затвор од 3 месеци до 3 години: Лука обвинет за семејно насилство над Наташа Беквалац

Затвор од 3 месеци до 3 години: Лука обвинет за семејно насилство над Наташа Беквалац

Првото основно обвинителство подигнало обвиненеие против Лука Лазукиќ за семејно насилство над сопругата Наташа Беквалац поради што би можел да оди во затвор, дознава Блиц.

Обвинението, како што се дознава е подигнато откако обвинителството вчера ја завршило истрагата, односно ги собрало потребните докази за на суд да докаже дека Лука ја тепал Наташа. Обвинението е подигнато веднаш, а она што сега следи е Првиот основен суд да го прифати предлогот на обвинителството, па судењето би можело да започне веќе до крајот на идниот месец.

Судот сепак има право обвинението да го врати на дополнување или пак да го отфрли. Сепак ваков епилог не се очекува со оглед на тоа дека истиот суд вчера му забранил приоѓање на Лазукиќ на Наташа до крајот на постапката. Тоа значи дека насилникот не смее да и пријде на Наташа, ниту со неа да комуницира на било кој начин се додека пресудата не стане правосилна, што може да биде и во наредните години, колку што се очекува да трае судењето.

За кривичното дело насилство во семејството пропишана е казна од три месеци до три години робија. Иста казна му се заканува и ако се осмели да и пријде на Наташа или пак телефонски ја вознемирува. На пример кога насилникот би се решил да се врати во станот, би можел ескпресно да биде осуден на три години затвор, кои би се додале на казната на која судот би можел да го осуди за семејно насилство.