четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 159
home Познати

ЗАСПАЛА И НИКОГАШ НЕ СЕ РАЗБУДИЛА – Инфлуенсерка пронајдена во безживотна состојба по долга борба со анорексија

ЗАСПАЛА И НИКОГАШ НЕ СЕ РАЗБУДИЛА – Инфлуенсерка пронајдена во безживотна состојба по долга борба со анорексија

Инстаграм инфлуенсерка кое се прослави со својата јавна борба против анорексија починала на 24-годишна возраст.

За германката Јоси Марија се прочуло кога зборувала за проблемите што ги има со исхраната и колку тоа и го уништило здравјето, но нејзиното тело веќе беше толку истоштено што не можела да издржи.

Јоси имала околу 135 000 следбеници на Инстаграм со кои ја споделувала постојаната борба, а таа починала за време на одморот, кој штотуку го имала. Според едена пријателка со кој заминала на патување, Јоси била уморна во текот на летото.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Josi Maria ♡ (@josimariaxx)

– Пиеше само две кафиња, а тоа едвај. Покрај тоа, таа ми рече дека два дена пред тоа не може да јаде ништо – изјави пријателката Вања Росова за германски DE24 News.

Кога пристигнале на Канарските острови, обајцата отишле да спијат, но кога Вања се разбудила, сфатила дека Јоси не дише и дека починала.

Јоси имала голема поддршка од интернет заедницата затоа што отворено зборувала за тоа како неуспешно се обидела да се избори со анорексија и на тој начин ги мотивирала другите кои се борат со нарушувања во исхраната.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Josi Maria ♡ (@josimariaxx)

Често ги потсетувала луѓето да не ја осудуваат неа или другите кои се борат со анорексија, бидејќи лесно е да се заборави дека тоа е болест сепак.

Најнови вести

Коронавирус