среда, 27. октомври 2021. Вести денес: 151
home Познати

Заради неа мораа да стават предупредување: Кога Едина Муса крева, на другите теговите сами им паѓаат! (ФОТО+ВИДЕО)

Заради неа мораа да стават предупредување: Кога Едина Муса крева, на другите теговите сами им паѓаат! (ФОТО+ВИДЕО)

Некои работи се дефинитивно дадени од Бога… или од Алах, зависи во кого веруваш! Ама верувајте дека она што може да се види со голо око е факт и непобитен доказ дека таа има се: И на себе и во себе… И убавина и талент! Не попусто беше една од најдобрите македонски кошаркарки, за преку ноќ таблата, обрачот и баскетот да ги замени со теретаната и билдерските справи, па убавата кошаркарка да стане бодибилдерка!

Женски атлета со тело на кое можат да му позавидат многу мажи! Складно, а мускулесто, згодна, набилдана, а сепак, пожелна, привлечна, секси…

Со собрана руса коса Едина Муса тргна по трнливиот пат кон славата, кој бара многу одрекување, тренинг, напор… Па не се станува туку така светски атлета… Видливиот склад на убавина и мускулеста маса придонесе таа да стаса и до првите титули, медали, подиуми, пиедестали.

Убавата Едина секојдневно смело го билда своето тело, па постира фотографии и видеа и самата од напорните вежби во теретаната. А кога сме веќе кај теретаната… Таму заради „убавицата во тело на ѕвер“ мораа да ги менуваат правилата.

Поточно, заради разбрануваната игра на сетилата на останатите атлети, професионалци или рекреативци, сеедно, кои вежбаат во исто време кога и убавата Едина!

Предупредувањето залепено на огледалото кажува се: „Забрането фрлање на теговите“! Зашто кога убавата Едина дига терет, теговите на другите – сами им паѓаат! Логично… Тешко може да се одржи концетрација да „зјапаш“ во таква убавина, додека креваш толкава тежина! Оти на крај, в раце може да ти остане само… шипката!

Локални избори 2021