четврток, 12. декември 2019. Вести денес: 0
home Познати

Заработуваат милиони, а ништо нема да им остават на децата: Шокантна изјава на славниот пар

Заработуваат милиони, а ништо нема да им остават на децата: Шокантна изјава на славниот пар

Актерскиот пар Ештон Качер и Мила Кунис веруваат во напорната работа и поради тоа не планираат на своите деца да им остават никакво наследство.

Ештон и Мила заедно се од 2012-та година, а во брак од 2015-та година. Имаат мирен и складен брак кој го држат далеку од очите на јавноста, а исто така своите синови не ги покажуваат во јавноста.

Во поткастот „Armchair Expert“ Ештон објаснил зошто неговите синови нема ништо да наследат.

-Моите деца живеат привилегиран живот, а тоа не ни го знаат. И никогаш нема да дознаат бидејќи нема ништо да им оставам. Сите пари ќе ги оставиме на хуманитарни здруженија, рекол Ештон.

Но додал дека нема потполно да ги остави без ништо, туку ќе вложува во нивните проекти.

Најнови вести