петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 0
home Познати

Запеа поголемата ќерка на Елена Велевска: Mама вели дека Софија е подобра верзија од неа (видео)

Запеа поголемата ќерка на Елена Велевска: Mама вели дека Софија е подобра верзија од неа (видео)

Гените се чудо, особено кога се пресликани од родителите на децата и тоа во подобра варијанта.

Кога пак родителот ќе добие таков наследник, гордоста е неопислива.

Фолк пејачката Елена Велевска е горда мајка на три деца: Софија, Марко и најмалата Калија.

Софија, нејзиното прво чедо, веќе потпорасна во убава тинејџерка која веројатно ќе тргне по стапките на мајка си.

Таа е вљубеник во музиката и пеењето, а каков глас наследила, мама Елена се пофали така што објави едно видео каде Софија пее светски познат хит.

Снимката е кратка, но сосема доволна за многумина да проценат дека од Софи ќе биде пејачка. Елена во описот напиша:

Kога децата се многу подобра верзија од нас.Браво,Софи!

За потсетување, покрај pред извесен период тројцата наследници на Елена Велевска имаа заеднички настап на детскиот музички фестивал “Распеано Рибарче” кој што се одржува во Охрид.

Погледнете:

Коронавирус