сабота, 22. септември 2018. Вести денес: 57
home Познати

Замина уште еден великан- Србија со голема тага ја дочека веста за неговата смрт

Замина уште еден великан- Србија со голема тага ја дочека веста за неговата смрт

Познатиот српски кларинетист Божидар Боки Милошевиќ почина во Белград на возраст од 87 години.

Тој од 1976 година па се до заминувањето во пензија беше шеф на Народниот оркестaр на РТС, а продолжи да настапува и учествува во музичките програми и во подоцнежните години.

Работеше и како професор во музичкото училиште „Јосип Славенски“, а беше и член на Белградската филхармонија.

Милошевиќ е роден 1931 година во Прокупље, а со музика почнал да се занимава од 1950 година.

Дипломирал и магистрирал на Музичката академија во Белград.