недела, 27. септември 2020. Вести денес: 0
home Познати

Заљубен до уши: Саша Ковачевиќ на преубав начин ја изненади Зорана

Заљубен до уши: Саша Ковачевиќ на преубав начин ја изненади Зорана

Српскиот пејач Саша Ковачевиќ, конечно ја најде својата сродна душа.

Преубавата мисица е личноста која успеа да го освои атратктивниот пејач, а доказ за тоа е последната објава на Ковачевиќ со која ја изненади преубавата Зорана.

 

View this post on Instagram

 

Gledam kako si lepsa svakog novoga dana, a juce si lutko bila lepsa od svih… ❤ #sasakovacevic #skmedia #party

A post shared by Sasa Kovacevic (@sashakovacevic) on

Иако многу дами би сакале да се на местото на Зорана со што ќе го украдат срцето на српскиот пејач Саша Ковачевиќ, а истото да се обелодени јавно, во овој случај не е така.

Имено на самиот почеток на нивната врска, парот се криеше од пошироката јавност, а како што пишуваат српските медиуми, тоа било желба на Зорана.

-Зорана е скромна и пред се нормална девојка, која не ја интересираат некои денешни модерни трендови. Искрено мене на некој начин тоа што неа не ја интересира јавниот свет ми годеше. Зорана не пати да биде на насловните страни, не пати од тоа да биде видена. Се криевме првите 7-8 месеци. Луѓето не ни претпоставуваа дека сме заедно. Заедно се појавивме во јавност на отворањето на мојот ресторан, изјави Саша Ковачевиќ за една српска телевизија.

Саша, љубовта кон Зорана ја покажува во секоја можна прилика, а кога се во јавност не ги кријат емоциите. Пејачот по се изгледа дека е толку заљубен во мисицата што не штеди и на комплименти.

Ковачевиќ често ги истакнува нејзините квалитети, но како што вели тој, покрај Зорана успеал да се види и во улогата на татко. Дека стварно е спремен за оваа улога, покажува и односот кој тој го има кон ќеркичката на Зорана, Искра.

Од неодамна Саша Ковачевиќ љубовта кон Зорана ја покажа и преку песна.

Имено популарниот пејач на Зорана и го запеа хитот „You Are So Beautiful to Me“ од легендарниот Џо Кокер, а тој момент го сподели и на својот Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

You are so beautiful to me, can’t you see…!? ❤️

A post shared by Sasa Kovacevic (@sashakovacevic) on

Коронавирус