петок, 23. јули 2021. Вести денес: 139
home Познати

ЗАГРИЖУВАЧКА ФОТОГРАФИЈА: Бред Пит ја напушти болницата во инвалидска количка – фановите вознемирени

ЗАГРИЖУВАЧКА ФОТОГРАФИЈА: Бред Пит ја напушти болницата во инвалидска количка – фановите вознемирени

57-годишниот Бред Пит е сè уште среде тешка тужба за развод со 45-годишната Анџелина Џоли, а исто така се занимава и со здравствени проблеми.

Актерот ги загрижи обожавателите откако беше виден во инвалидска количка во Беверли Хилс. Бред беше едвај препознатлив во лежерна, спортска облека со качулка над главата, очила за сонце и маска за лице, а на нозете имаше патики.

Како што пишува Пејџ Сихт, Пит морал да реши проблем со кој се соочуваат многу луѓе. Имено, актерот бил на вадење на заби умници, што се одвивало под анестезија. По операцијата, член на медицинскиот персонал го возел со инвалидска количка до автомобилот и кон неговиот телохранител, кој носел торба со пропишани лекови за да ја ублажи претстојната болка.

Како што неодамна беше откриено, Бред, заедно со Харисон Форд, Хали Бери и Рис Витерспун и уште неколку други, ќе биде водител на Оскарите на 25 април, па пред тоа сакаше да го реши својот здравствен проблем.

Инаку, извор за Пејџ Сихт порано изјавил дека Пит е скршен откако испливала информација од некој од тимот на Анџелина дека таа и некои од нивните деца ќе сведочат дека тој ја малтретирал, што може да и донесе предност во стекнувањето старателство над петте малолеттни деца. Имено, само 19-годишниот Медокс е возрасен.

Коронавирус