вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 149
home Познати

Зафирчев со емотивен статус за македонскиот режисер: Со него секој разговор беше длабока инспирација

Зафирчев со емотивен статус за македонскиот режисер: Со него секој разговор беше длабока инспирација

Актерот Васил Зафирчев напиша емотивен статус преку кој се збогува од режисерот Златко Славенско кој почина вчера.

-Денес не напушти уште едно големо име на нашиот театар. Златко Славенски. Режисер и професор. Ретко добар човек и голем интелектуалец меѓу режисерите. Со него секој разговор беше длабока инспирација, а секоја соработка вонредно задоволство и уживање. Му благодарам за пријателството, укажаната доверба и провокативните актерски предизвици. Велеше дека сé e светлина, а сите ние остатоци од ѕвездите кои веќе не постојат. Нека му е вечна светлината и ѕвезден трагот кој го остави! – напиша Зафирчев на Фејсбук.

Посмртните останки на театарскиот и филмски режисер и професор на Факултетот за драмски уметности во Скопје, Златко Славенски ќе бидат изложени на 10.04.2019 година (среда), од 13 до 14 часот во капелата на Градските гробишта во Бутел, а потоа ќе биде погребот.

Комеморацијата ќе се одржи на 11.04.2019. (четврток), во 12 часот на Факултетот за драмски уметности во Скопје.

Коронавирус