сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 55
home Познати

Заемно ласкање во неколку секунди: Антониа Гиговска се најде на Инстаграм кај Анастасија Ражнатовиќ (фото)

Заемно ласкање во неколку секунди: Антониа Гиговска се најде на Инстаграм кај Анастасија Ражнатовиќ (фото)

На младата пејачка Антониа Гиговска денот не и минува без песна. И кога нема работа во студио, настап, снимање… Антониа знае да си запее за душа, да се развесели себе, но и фановите и следбениците кои ги има на социјалните мрежи.

Откако доби возачка дозвола, најчесто си пее во автомобилот, додека таа е зад воланот, но и додека друг ја вози.

Овој пат на нејзиниот репертоар од автомобилот,  беа песни на српски изведувачи, а една од нив беше и „Волим те“ на Анастасија Ражнатовиќ чиј автор а композиторот Дарко Димитров, кој наедно и прави песни и на Антониа.

Весела, насмеана, распеана, младата пејачка ги пееше стиховите на песната, а во видеото кое го постави на Инстаграм „стори“ ја означи и Анастасија.

Откако Гиговска и поласка со тоа дека оваа песна и се допаѓа за да ја пее, другата не и остана должна, па ја сподели на својот профил покажувајќи дека нејзе пак и се допаѓа вниманието од колешката од Македонија, но и како ја пее нејзината песна.

Заемното ласкање во неколку секунди го прегледаа илјадници нивни фанови и следбеници, па ова можеби за во иднина ќе биде доволно за да запеат заедно со оглед на тоа дека ги врзува истиот композитор.

Коронавирус