сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 110
home Познати

Заедничка фото-поза од лифт: Каролина Гочева со роденденска честитка до мајка си (фото)

Заедничка фото-поза од лифт: Каролина Гочева со роденденска честитка до мајка си (фото)

Во 2020 година на која и останаа уште неколку дена, нашата позната пејачка Каролина Гочева имаше доста поинаква пракса во поглед на објавување детали од приватноста.

Имено, изминатите неколку месеци Каролина доста често преку својот профил на Инстаграм споделуваше детали од приватноста, односно моменти од своето секојдевие во време на коронавирус пандемијата.

Но, пред секоја Нова Година на Каролина и стана пракса јавно да и го честита роденденот на мајка си. Така беше и овој пат.

Имено, Каролина во овие предпразнични денови сподели фотографија на Инстаграм, на која се заедно во лифт со нејзината мајка Светлана, среќна, расположена и насмеана.

Покрај фотографијата честитката за нејзиниот роденден од нејзината Каролина.

Очигледно, не само што и го стопли срцето на мама Светеле или Сеси – како што некои од пријателките на Каролина ја нарекуваат, туку ги стопи и срцата на сите оние што ја знаат и познаваат и и’ се блиски… И неа и на Каролина.

Коронавирус