сабота, 23. октомври 2021. Вести денес: 0
home Познати

„За животот на Цеца треба да се сними серија“: Анастасија проговори за ТВ проектот со својата мајка

„За животот на Цеца треба да се сними серија“: Анастасија проговори за ТВ проектот со својата мајка

Веќе со години се зборува дкеа бурниот живот на Светлана Цеца Ражнатовиќ заслужува да биде претставен во возбудлив филм. Такво слично мислење има и нејзината ќерка Анастасија Ражнатовиќ, која на промоцијата на филмот за Тома Здравковиќ прозборе на оваа тема.

– Да, сум размислувала во повеќе наврати. Мислам дека тоа не би можело да се претстави само преку еден филм, туку потребна е некоја серија. Нејзиниот живот е стварно богат, со многу искуство, така да мислам дека не би можело да го собере само во филм, истака Анастасија за медиумите, а потоа додаде и дали може да се очекува од неа да биде дел од таков проект.

– Никогаш не вели никогаш, можеби и нешто планирам, се шегувам , додаде таа.

Со оглед на тоа дека стана тренд пејачките да се пробаат и во актерството, Анастасија го поддржува тоа:

– Сосема ми е океј тоа што мои колешки се ангажираат во светот на актерството, но кога некој е талентиран за тоа, бидејќи кога не се, се уништува сè.

На прашањето какви впечатоци има Цеца од снимањето на првата емисија на „Ѕвездите на Гранд“, Анастасија дала само позитивен одговор:

– Ми кажа дека и било пријатно и дека уживала, се смееше и смета дека ова ќе биде одлична сезона. Ја поддржав кога требаше да донесе одлука дали да биде дел од жирито на „Звездите на Гранд“. Треба малку да ја смените енергијата, таа е дефинитивно најдобра во својата работа. Мислам дека може многу да им помогне на кандидатите и да донесе вистинска одлука. Едноставно, од кого е подобро да учиме отколку од најдобрите – рече Анастасија.

Најнови вести

Локални избори 2021