среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 165
home Познати

За тешката болест криел и од најблиските: Со што се бореше пред смртта славниот Маринко?

За тешката болест криел и од најблиските: Со што се бореше пред смртта славниот Маринко?

Утре се навршуваат три години од смртта на црнгорскиот актер Маринко Маџгаљ.

Маџгаљ почина на 26-ти март во 2016-та година по долгата битка со ракот. Освен што беше театарски и ТВ актер, тој беше и член на дуото „Фламингоси“, заедно со водителот Огњен Амиџиќ. На „Фламингоси“ за малку им избега учеството на „Евросонг“ во 2006 година, кога според мноогумина беа морални победници на српско-црногосркиот избор за песна на Евровизија со хитот „Луди летњи плес“.

Неговото семејство, напиша куса и емотивна објава која излезе во српските весници.

„Те сака, тагува и не те заборава… Твоето семејство“, стои во објавата.

Маџгаљ почина од канцер на панкреас кој му беше дијагностициран во 2015 година, кога итно беше опериран. Иако се чинеше дека закрепнува по операцијата, тој битката со кобната болест, за жал, ја загуби.

Беше во брак со актерката Дубравка Мијатовиќ.

Актерот веста за болеста долго време ја криеше од своите најблиски. Ниту семејството, ниту неговата поранешна сопруга, актерката Дубравка Мијатовиќ не знаееле дека е болен од причина што тој не сакал никој да го сожалува, пишуваат српските медиуми. Од бракот со Дубравка, тој ја има осумгодишната ќерка Сара.

На крајот на минатата година, пријателот и колега на Маринко, Огњен Амиџиќ организираше концерт во Белград во негова чест. Меѓу пријателите на покојниот актер кои настапија беше и македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева.

Коронавирус