вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 58
home Познати

За првпат по 120 години: Кралицата е сама, тронот на принцот Филип заменет со столче

За првпат по 120 години: Кралицата е сама, тронот на принцот Филип заменет со столче

Кралицата Елизабета Втора (95) на свечена церемонија, после минатонеделните локални избори, го отвори заседанието на британскиот парламент и тоа и беше прва церемонијална должност после смртта на саканиот сопруг, принцот Филип.

На овогодинешното отворање наместо тронот на принцот Филип беше поставен мал кружен стол кој беше покриен со свечена покривка.

Покрај Кралицата на свеченоста беше и нејзиниот наследник, принцот Чарлс со сопругата Камила. Американскит медиуми пишуваат дека ова е првпат во последните 120 години на една церемонија да биде изоставен тронот на сопругот.

Сопружничкиот трон за првпат бил поставен во 1901 година за сопругот на кралицата Александра, крал Едвард Седми.

Поради пандемијата на коронавирусот бројот на поканети беше намален на 74, а секој од нив мораше со себе да донесе негативен ковид тест.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија