среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 0
home Познати

За еден час крадци од домот на Тамара успеаа да украдат 60 милиони евра

За еден час крадци од домот на Тамара успеаа да украдат 60 милиони евра

50 минути им беа потребни на тројцата разбојници кои упаднаа во домот на Тамара Еклстон за од славната и богата наследничка на Берни и Славица Еклтон да украдат накит во вредност од околу 60 милиони евра, пренесува The Sun.

Провалниците упаднале во лондонската вила од Тамара Еклстон само неколку часа откако таа ја напуштила Велика Британија и заминала на божиќен одмор со семејството.

Грабежот ги шокирал и нејзините соседи, бидејќи сето тоа се случувало во улица во која има 24-часовен надзор и обезбедување. Мислеле дека обезбедувањето било во вилата додека се одвивал грабежот. Провалниците упаднале низ градината и веднаш се упатиле во собата каде се наоѓаат сефовите од Тамара.

Кога го завршиле грабежот, додека бегале, еден од обезбедувањето наидел на нив, но не успеал да ги спречи во бегството.

„Тамара и семејството се лути и потресени поради овој инцидент“, изјави портпаролот на богатата наследничка за британските медиуми.

 

Коронавирус