среда, 30. септември 2020. Вести денес: 59
home Познати

За 2020 година Карлеуша има само една желба која ќе ве расплаче

За 2020 година Карлеуша има само една желба која ќе ве расплаче

Јелена Карлеуша вели дека во 2020 година сака да се смее повеќе и да ја зобиколат сите проблеми и несреќи.

На Јелена во годинава која изминува и се случија многу страдања, а најголемо беше смртта на мајка и Дивна. Затоа таа сака во 2020 година да влезе оптимистична.

-Оваа година бев многу силна, следната сакам да бидам среќна. Ја изгубив мајка ми, која ми беше се на светот. Полека закрепнувам и време е да тргнам понатаму, онака како што таа би сакала – рекла пејачката.

-Тешко е да го продолжам животот после таква жена, која ми беше и мајка и пријател и најголема поддршка, но секој ден во себе ги слушам нејзините зборови на поддршка која ми дава сила да одам понатаму, посочува пејачката.

Таа семејниот дом во Белград го украсила со декорација која ја посветила на Дивна.

-Ова е прва Нова година која ја поминувам без мојата мајка. Таа сега е мој ангел и ме штити од зло, затоа темата на декорацијата која и ја посветив беше ангел, вели ЈК.

Коронавирус