понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 150
Во живо

Обраќање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на нацијата

home Познати

Вулгарно, кич или секси? Карди предизвика ”хаос” на социјалните мрежи поради сексапилните фотографии, еден детаљ го одвлекува вниманието

Вулгарно, кич или секси? Карди предизвика ”хаос” на социјалните мрежи поради сексапилните фотографии, еден детаљ го одвлекува вниманието

Славната раперка отсекогаш изненадувала со фотографиите кои што ги споделува на социјалните мрежи, па и овојпат го направи тоа.

Американската раперка и актерка Карди Би(27) објавила фотографија на која што позира во бикини со леопардски принт, па ги истакнала своите препознатливи атрибути, додека позирала покрај базенот.

Имено, Карди во средата попладне објавила фотографија со која што ги восхитила сите своите обожаватели кои што ги има во голем број.

Таа позирала во бикини со леопардски принт, а ги истакнала големите гради, тетоважите, русата долга коса и своите чевли.

Тоа што привлекло големо внимание кај оние кои што ја виделе фотографијата се предолгите нокти кои што се подолги и од 5 центиметри, а фановите се запрашале како таа функционира со такви нокти кога на пример оди во теретана, во студио или пак во тоалет.

„Се е до чевлите“ – напишала Карди во описот на фотографијата, мислејќи дека тоа што го носи на себе е најважниот дел од неа.

Целиот тој изглед го дополнила со обетки во облик на крст. Бикинито ѝ е врзано околу вратот, а на него има и циркони, додека пак долниот дел од бикинито исто така има дијаманти на себе.

Исто така таа била перфектно нашминката, па добила и голем број коментари на социјалните мрежи.

„Мама миа“, „Кралица на хип хоп музиката“, „Најубава, толку си жешка“, „Престани да правиш пластични операции“, „Мммм, делуваш така вкусно“, „Делуваш вулгарно“ – се само дел од многубројните коментари кои што ги добила.

Најнови вести

Коронавирус