вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 153
home Познати

Вртоглави бројки – откриено колку чинат патувањата на британското кралско семејство

Вртоглави бројки – откриено колку чинат патувањата на британското кралско семејство

Иако досега никој не се занимаваше со тоа колку британското семејство троши за патувањата во странство, но и ширум Велика Британија, порталот „GoBankingRates.com“ се позанимавал со тоа и изнел точни бројки во јавноста.

Целото истражување не се занимавало со трошоците на патувањата на принцот Хари и војвотката Меган, кои што биле на службени патувања во Ирска, Африка, Австралија, Нов Зеланд, Фиџи туку со трошоците од патувањата на другите членови на кралското семејство.

Принцот Чарлс во Израел бил кон крајот на месец јануари на петтиот Светски форум за холокаустот. Чартер летовите од Абердин до аеродромот Бен Гурион и назад го направиле патувањето скапо – вкупно 100.000 долари.

Членовите на кралското семејство, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон беа помеѓу илјадниците луѓе кои што отпатуваа во Франција во јуни, 2016-та година за да се одбележи 100-годишницата од почетокот на Битката на Соми во Првата светска војна.

Неколку одделни чартер летови се причината за високата цена на ова кратко патување преку Ла Манш. Вкупната цена на патувањето била 63.496 USD.

Чарлс и Камила имале преполн распоред во текот на своите официјални посети на Блискиот Исток. Парот имал околу 50 обврски во Оман, УАЕ и Бахреина помеѓу 4-ти и 11-ти ноември 2016-та година. Ова патување чинело 96.224 USD.

Исто така и регионалните патувања во Велика Британија би можело да бидат скапи. Принцот Чарлс со воз тргнал на пат, со многубројни запирања ширум Ланкашира и Јоркшира. Медиумите пресметале дека цената на патувањето на кралскиот воз достигнала 126 USD по милја.

Коронавирус