понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 95
home Познати

Вознемирувачко видео: Славната пејачка глуми жртва на семејно насилство и испраќа важна порака

Вознемирувачко видео: Славната пејачка глуми жртва на семејно насилство и испраќа важна порака

Ѕвездата на Спајс Грлс, Мел Б, е претепана во вознемирувачки спот. Таа облиена во крв бега од партнерот.

Мелани Браун сними шокантно музичко видео за семејно насилство во кое таа глуми дека се појавува претепана и целата во модринки и крв.

Снимката ја следи нивната врска од самиот почеток, но љубовта и среќните денови наскоро се заменуваат со насилство и солзи. Зад затворените врати, Мел останува сама и преплашена од монструозното однесување на човекот кој треба да ја сака безусловно – во еден момент нејзиниот партнер ја влече низ собата и ја тепа, а таа потоа се обидува да ги покрие модринките на повреденото лице со шминка.

Видеото завршува со нејзиното драматично бегство од куќата на пеколот.

Коронавирус