недела, 19. септември 2021. Вести денес: 0
АКТУЕЛНО

ЦРН РЕКОРД НА ПОЧИНАТИ ВО ЗЕМЈАВА: Денеска над 40 починати, НАЈМЛАДИОТ НА САМО 18 ГОДИНИ!

home Познати

Војаж: „Плачев по раскинувањето со Бресквица, но повеќе не ја сакам“

Војаж: „Плачев по раскинувањето со Бресквица, но повеќе не ја сакам“

Младиот и талентиран пејач Михајло – „Војаж“.со своите песни освојува на „Јутуб“.

Неговите песни „Аман“, дуетот со Раста – „Картел“, како и дуетот со грчката ѕвезда Сник – „Bounce“ се во трендинг на оваа социјална платформа.

Во интервју за телеграф.рс, Војаж зборуваше за својата кариера, за приватниот живот, како и за раскинувањето со

Анѓела Игњатовиќ – „Бресквица“

Откако Војаж и Брескавица ставија крај на нивната љубов, тие со денови се главна тема во медиумите, па дури се појави и петиција за нивно смирување.

Михајло вели дека му било тешко поради раскинувањето, но и не поради притисокот на јавноста.

„Во тој момент ми беше тешко, не поради тоа што не се навикнав на притисокот на јавноста туку поради раскинувањето, поради тоа што тој момент ти не си со оној кој го сакаш и тоа е проблем, а не тоа што зборуваат луѓето“, вели тој за телеграф.рс

Тој вели дека се уште чувствува љубов кон Бресквица, но и дека плачел по раскинувањето.

„Не верувам дека љубовта уште трае…Сигурно има почит, затоа што тоа е личност со која поминав три години од животот, така да, таа има неизмерна почит од моја страна, но мислам дека љубовта исчезна. Поточно, не мислам, знам“, вели Михајло.

„Секако дека имаше солзи, бев многу заљубен, тоа само човек без емоции и без душа нема да пушти солзи кога се завршува. Човечки е да се расплачеш“, додава тој.

Војаж и прокоментира нова песна на Брескавица – „Среќен пат“ која ја посвети на неа и демантираше дека ја изневерил.

„Добра е песната, гледам дека супер помина и мило ми е што успеа да се врати на сцената. Видов и многу коментари за делот во песната каде што таа вели дека е подобра од некоја, луѓето мислат дека ја изневерив, но тоа не е точно. Тоа е веројатно некој момент на уметничка слобода“, вели пејачот.

Војаж откри дека моментално нема девојка и е слободен.

„Моментално сум сам, работам, немам време да имам девојка. Ми одговара да се фокусирам на себе и да се занимавам со својата работа“, вели тој.

Најнови вести

Коронавирус