четврток, 9. декември 2021. Вести денес: 1
home Познати

Водителката на „Практична жена“ едвај се прости од поранешниот сопруг, откако преку медиумите дозна за трагедијата која го снајде актерот

Водителката на „Практична жена“ едвај се прости од поранешниот сопруг, откако преку медиумите дозна за трагедијата која го снајде актерот

Вистинските љубители на театарската и на филмската уметност во регионот се’ уште се во шок по смртта на 49-годишниот актер Марко Живиќ.

Глумецот кој во 2008 година се бореше со канцер, ја загуби битката со коронавирусот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nataša Pavlović (@prakticnazena_)

Познатата српска водителка Наташа Павловиќ која беше четири години во брак со Живиќ е скршена од болка.

„Марко умре? Извинете, шокирана сум, не можам сега да зборувам“, изјави заштитното лице на шоуто „Практична жена“ за „Ало“.

Наташа и Марко останаа во контакт и по разводот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nataša Pavlović (@prakticnazena_)

„Немам забелешки за мојот емотивен живот. Јас сум задоволен и мирен. Што се однесува до Наташа, неодамна ѝ го честитав раѓањето на второто дете. Ние бевме пријатели додека се забавувавме, а тоа останавме да бидеме и откако се разделивме. Се слушаме повремено за празници, за родендени.. Кога ќе се сретнеме, убаво разговараме. Мислам дека тоа е нормално. Можеби некои други искуства се трауматично, но моето не е такво“, раскажа актерот во една прилика.

А по повод смртта на поранешниот сопруг, Наташа сподели и заеднички емотивни фотографии на својот Инстаграм профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nataša Pavlović (@prakticnazena_)

Коронавирус