понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 126
home Познати

Водителката на Канал 5 објави фотографија од пред 9 години и ги шокираше сите (ФОТО)

Водителката на Канал 5 објави фотографија од пред 9 години и ги шокираше сите (ФОТО)

ТВ водителката Милена Антовска уште неколку месеци ќе остане дома од своето породулно отсуство, за да и ја даде комплетната мајчинска грижа на својата малечка принцеза Лана Марија.

Неодамна таа се врати на своето работно место и застана пред камерите заедно со своите колеги од утринската програма на Канал 5 телевизија, но само како гостинка за да ги раскаже своите мајчински искуства и оние во бракот.

Деновиве шармантната водителка ја фати носталгија по едно подалечно време, односно 2009 година кога за првпат застана пред камера и ја започна својата водителска кариера.

Облечена во розово капутче и баретка во истата нијанса, Милена го отпочна своето работно медиумско патешествие кое го опиша вака:

2009-та…ееее ова е моето прво застанување пред камера…Божеее колку изгубено изгледам хаххаха, ама оправдано:) Знам дека беше првиот пролетен ден и дека заврна снег, а најмногу се сеќавам на тоа дека имав трема и се тресев како никогаш дотогаш. Убави времиња, напиша водителката.

Велат дека ако еднаш застанеш пред камера, на терен или во студио, магијата те освојува и потоа тешко можеш да се откажеш од неа, а Милена е само потврда дека тоа е навистина така.

vistina.mk

Најнови вести

Коронавирус