среда, 22. септември 2021. Вести денес: 6
home Познати

Водителката и пилатас инструкторката во невидено разголено издание досега (фото)

Водителката и пилатас инструкторката во невидено разголено издание досега (фото)

Македонската ТВ водителка и пилатес инструкторка, Снеже Велков денот го започнува со утринска физичка активност, со вежбање или возење на велосипед во Скопје.

Освен тоа што го затегнува своето згодно и мускулесто тело, Снеже на многумина им и инспирација токму од денес да започнат да вежбаат и да блескаат.

Таа редовно на социјалните мрежи знае да сподели видео, фотографии од нејзините утрински навики и денот да го започне со блексање.

Нејзиниот „Инстаграм“ профил е преполн со разни видеа со вежби за вежбање, па дури и за они „мрзливите“ кои сакаат да вежбаат и додека седат.

Кога секој ден ви започнува со тренирање, не може да не се забележи добриот резултат. Иако надвор владеат пеколни температури и топлотен бран, за Велков тоа не е изговор да не вежба.

И додека повеќето од јавните личности уживаат на плажа во бикини, Снеже ужива додека спортува.

Со високите температури и екстремно топлото време, дамите од јавниот свет се расоблекоа во бикини покажувајќи ги своите разголени тела на плажа покрај езеро или море.

Иако Снеже сме навикнати најчесто да ја гледаме во спортско издание, со хеланки, мајца или најчесто некоја друга спортска комбинација, овој пат таа позираше во разголено издание и ги покажа резултатот од секојдневното вежбање.

Имено, Велков на својот „Инстаграм“ објави фотографија на која позираше само во топ и долна облека покажувајќи го своето згодно, затегнато тело. Иако фотографијата е црнобела, на неа јасно се гледа виткото тело на пилатас инструкторката на кое може многумина да и позавидат.

„39+ степени, склекови, чучњеви, мисли, претпоставки, години…итн.“, напша покрај фотографијата.

Нејзинините следбеници не престанаа да и коментираат за нејзиниот изглед, а ќе се согласите дека Снеже и на +39 степени изгледа пожешко и од времето.

Коронавирус