понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 63
home Познати

ВОДИТЕЛКАТА ГО ОБВИНИ САША ПОПОВИЌ ДЕКА ЛАЖЕ: Хаос во „Ѕвездите на Гранд“, тој се налути и јавно и се закани

ВОДИТЕЛКАТА ГО ОБВИНИ САША ПОПОВИЌ ДЕКА ЛАЖЕ: Хаос во „Ѕвездите на Гранд“, тој се налути и јавно и се закани

Синоќа во „Ѕвездите на Гранд“ големо внимание привлече кавгата меѓу Саша Поповиќ и Сања Кужет. Се тргна од настапот на учесничката која призна дека се уплашила од членовите на жирито, а на инсистирањето да каже точно од кого се исплашила, Поповиќ изјави:

– Слушај, кога бев мал и кога ја видов Цеца, и јас се исплашив!

„Заби“ покажа и водителката Сања Кужет која неколку пати во текот на емисијата го „поткачи“ Поповиќ. Освен што беше на страната на членовите на жирито во текот на расправата за правилата на натпреварот, водителката го обвини директорот дека лаже, а тој одговори дека тоа е одлична причина да не и се промени платата во наредните пет години.

– За разлика од Босанац, морам да ти кажам дека изгледаш одлично вечерва. Не знам кој ти го изработи тој фустан, но навистина изгледаш феноменално вечерва – рекол Поповиќ, но Сања му се врати:

– Но, Босанац ми рече дека изгледам фантастично пред тебе, жива вистина.

Ѓорѓе Давид ја праша Сања кого би одбрала за ментор во натпреварот, а таа како од топ одговори: Босанец.

Најнови вести

Коронавирус