среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 99
home Познати

„Во животот не е важно како ќе паднете, важно е како ќе станете“- низа мудрости од Шерон Стоун

„Во животот не е важно како ќе паднете, важно е како ќе станете“- низа мудрости од Шерон Стоун

За Шерон Стоун се знае дека има најголем коефициент на интелигенција во Холивуд. Иако има 62 години, оваа актерка не го изгубила чувството за хумор и продолжува да изговара остроумни бисери, во кои има многу повеќе вистина и животни мудрости отколку во советите на мудрите гуруа.

„Ми се чини дека за време на моето раѓање веќе имав четириесет години. Уште во основно училиште, поставував зрели прашања и барав зрели одговори.“

„Само сакам да остарам – тоа е мојата главна цел. Имав крварење во мозокот пред 18 години и затоа многу добро разбирам што значи да остариш мирно. Мојот мозок крвареше девет дена. Малкумина го преживеале тоа, но јас некако успеав. Потоа, две години повторно учев да одам, да читам и да пишувам. Тогаш сфатив колку е бесмислено да се зборува за брчки.“

„Вечната младост е мит. Не сакам да бидам безвременска убавица. Сакам да бидам жена која изгледа најдобро за своите години.“

„Не кријам дека пробав ботокс. И тоа повеќе од еднаш, но застанав на време за да не се претворам во една од оние златни риби со кои е полн Холивуд. Поради ботоксот, сега сите актерки личат една на друга. Сакам да останам она што сум. Сакам во мене да видат жена зад која има години со исполнет живот.“

„Ава Гарднер беше најубавата жена на светот. Зошто? Никогаш не направила ништо со себе. Изгледаше како жена и никогаш не се обидуваше да изгледа како девојка.“

„Кога наполнив четириесет години, се заклучив во бањата со чаша вино и си реков: Нема да одам никаде додека не почнам да се доживувам онаква каква што сум навистина.“

„Во животот не е важно како ќе паднете, важно е како ќе станете.“

„Дури и најскапата козметика и најдобрата фризура не ја прават жената убава. Најубави и најинтересни жени се оние кои имале подеми и падови во животот.“

„Жените можат да имитираат оргазам, додека мажите имитираат односи.“

„Вистински убавата жена е секогаш фина со другите жени и со луѓето воопшто. Не ја интересираат ривалства, интриги и подлост.“

„Ако сте паметни, ќе бидете и убави. Нема грди. Некои се убави како роза, некои како кактус.“

„Луѓето се плашат од промени – им се чини дека ќе изгубат нешто. Забораваат дека со тоа можат да добијат многу нови работи.“

„Понекогаш девојчињата самите стануваат мажи за кои некогаш сонувале да се омажат.“

„Кога станав будист, сфатив дека човекот го измислил срамот – нема срам во природата. Тој не е ништо друго освен начин за манипулирање со луѓето.“

„Жената мора да ја знае својата цена, но никогаш не смее да ја каже.“

„Смртта тропна на мојата врата неколку пати, но јас не ѝ отворив. Ме научи како да живеам поинаку. Тоа тропање на вратата ме разбуди.“

„Никогаш нема да има апсолутна хармонија и мир во светот, но тие можат да постојат во вашата глава.“

„На 58-годишна возраст сфатив дека убавината доаѓа однатре. За да бидете и да останете убави, треба да го правите тоа што сакате секој ден. На пример, не можам да го замислам животот без танцување и го правам тоа додека да се изморам.“

„Подобро е да бидете целосно сами, отколку да се чувствувате осамени покрај погрешна личност.“

„Ѕвездата мора да има пријатели кои ѝ биле пријатели уште пред да стане позната – за да има некој што ќе ја постави на своето место. Затоа што секоја ѕвезда е само човек, како и сите други на овој свет.“

Коронавирус