вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 139
home Познати

Во вакво издание речиси никој ги нема видено- Цеца сподели што прават Вељко и Жељко на овој голем ден за семејството (ФОТО)

Во вакво издание речиси никој ги нема видено- Цеца сподели што прават Вељко и Жељко на овој голем ден за семејството (ФОТО)

Жељко Ражнатовиќ, синот на Богдана и Вељко Ражнатовиќ, односно првиот внук на фолк дивата Цеца Ражнатовиќ на 3 ноември наполни пет месеци.

Уште од пред неговото раѓање се крена голема прашина за новиот наследник на пејачката, но и таа пак не се штедеше и му купуваше скапоцени подароци и играчки вредни илјадници евра, суми за кои на големо се пишуваше во српските медиуми.

И Цеца и нејзината ќерка Анастасија постојано поставуваат неодоливи фотографии и видеа со малиот Жељко бидејќи тој сега им е главна ѕвезда во домот и семејството.

Сега, по повод овој јубилеј, баба Цеца Ражнатовиќ сподели две емотивни фотографии. На нив се синот и внукот на ѕвездата, Вељко и Жељко. Имено, младиот боксер го држи во прегратки својот наследник, а овој момент го уловила Цеца.

„Моите двајца лепотани… Векс и Жекс“ – напиша пејачката.

Фотографиите ги разнежнија обожавателите на Цеца кои напишаа стотици коментари со честитки и комплименти.

Коронавирус