недела, 20. септември 2020. Вести денес: 72
home Познати

Во прашање е само една намирница: Славната пејачка откри како изгуби 21 килограм за два месеци

Во прашање е само една намирница: Славната пејачка откри како изгуби 21 килограм за два месеци

Пејачката Снежана Ѓуришиќ работеше напорно на себе во претходните два месеци, а како резултат на нејзиниот труд и дисциплина изгуби значителен број килограми.

Имено, пејачката успеа да изгуби 21 килограм за само два месеци, а покрај дисциплината, и помогна и нејзината диета со лубеница.

Во претходниот период, таа буквално живееше од тоа затоа што јадеше и пиеше само сок од лубеница.

-Добив вишок килограми додека бев со ќерка ми во Америка. Културата на јадење таму се вклопи совршено со хедонистот во мене. Тој вишок ме мотивираше да се поврзам со војникот во мене и да се придржувам на посебна диета два месеци. Јас јадев само лубеници и пиев сок од нив, и со тоа изгубив 21 килограм, вели пејачката.

Снежана вели дека сака да биде секогаш во форма, и од таа причина има личен тренер со кого работи два до три пати неделно.

-Имам тренер кој работи со мене два до три пати неделно. Бидејќи во младоста бев спортист, многу се грижам да сум во добра форма, објасни пејачката.

Како што вели, поради брзиот живот и бројните обврски, таа не секогаш успева да јаде здраво, а голема слабост и се слатките задоволства.

-Поради работата што ја работам, темпото на животот може да биде многу брзо за мене. Јас можам да бидам дисциплинирана и, доколку е потребно, да вежбам. Сега сум претежно фокусирана на зајакнување на мојот имунитет, затоа комбинирам разновидна диета со многу одење. Особено сум слаба на слатките! Понекогаш ги избегнувам, а понекогаш и си давам одмор и уживам во нив, изјави Снежана за „Информер“.

Снежана е жена која има силен карактер, па затоа реши целосно да елиминира некои видови храна од нејзината диета кога започна пандемијата на коронавирус.

-Се обидов да го изоставам лебот од секој оброк и се откажав од слатки. Тоа ми помогна да одржувам добра линија затоа што сега движам помалку,  заклучи пејачката.

Најнови вести

Коронавирус