среда, 22. септември 2021. Вести денес: 7
home Познати

Во овој костим ги “исплаши“ луѓето на Евровизија, а сега ваков дојде да се вакцинира (ФОТО)

Во овој костим ги “исплаши“ луѓето на Евровизија, а сега ваков дојде да се вакцинира (ФОТО)

Промовирајќи ја вакцинацијата, финските медицински работници организираа акција во градот Рованиеми во текот на викендот, а на неа се појави Лорди – фронтменот на истоимениот бенд што победи на „Евросонг“.

Големо внимание привлече фактот дека тој се појави на вакцинацијата облечен во костим по кој бендот стана познат на публиката на „Евровизија“.

Томи Петер Путансу, како што е неговото вистинско име, ја примил втора доза од вакцината.

“Ми ставија голема игла во раката. Затоа дојдов”, рече Лорди, додавајќи дека не се сеќава колку концерти бендот мораше да откаже или да се премести поради пандемијата на коронавирус.

Лорди настапи на Евровизија во 2006 година со песната „Hard Rock Hallelujah“ и ја однесе победата.

Коронавирус