петок, 4. декември 2020. Вести денес: 54
home Познати

Во неможност да летува во Грција, на Миа Костова и Охрид и е море: Залез зад езерската земја со поглед… меѓу нозе (ФОТО)

Во неможност да летува во Грција, на Миа Костова и Охрид и е море: Залез зад езерската земја со поглед… меѓу нозе (ФОТО)

Откако со развојот на мобилните телефони стана секому достапно, фотографирањето се’ повеќе и се’ почесто на сите ни станува навика. Со доаѓањето на летото навиката прераснува во опсесијата, која станува незибежна! Особено кај дамите, кои тогаш се најразголени па имаат што да сликаат во секој момент, на секое место и пригода. А најчесто ги сликаат бујните атрибути, најистакнатите и најиспакнатите делови од телото, однапред, одзади, одозгора, одоздола, природни, силиконски…

Фотографиите од одморот, најчесто на плажа со поглед на долгите испружени нозе се во мода, а уште повеќе погледот низ нив… Или таканаречената “панорама меѓу нозе“! А неа, не ја заобиколуваат ниту дел од познатите Македонки. Ги има многу, ама „панорамата“ на Миа Костова, денес прва ни западнаа за око!

Познатите состојби со коронапандемијата и затворените граници доскорешната ТВ водителка ја спречија да летува во Грција, ама кога го нема тоа што се сака, добро е и тоа што се нуди, па така на Миа годинава и Охрид и е море!

„Колку само не обрнував внимание на секој годишен одмор на море… Одење во Грција на плажа ми беше како одење до најблискиот маркет пред зграда. Денес не можам да отидам. Денес едноставно што и да направам морам да се решам за места кои не ми се по ќеф… па така, му се изнарадував и на Охрид. Така и со луѓето. Размислете си вие зошто, како и со кои…“ – напиша русокосата со видна „жал за Деспина“, пардон – жал за Елада и Белото море.

Во неможност да ужива во убавините на плажите на беломорската земја, Миа му се препушти на сиот природен раскош на македонскиот езерски бисер. Охрид е секогаш убав, ама најубав е на зајдисонце… За многумина, па и за Миа, која онака испружена на лежалката крај езерскиот брег, со неизбежната комуникациско-фотографска алатка в раце ги впиваше последните сончеви зраци од денот што изминува.

„Лето ми е. Истата плажа од лани, мои луѓе кои се засекогаш, оние со кои одморот ти е погоден, оние кои те нервираат, а и ги сакаш во исто време. Сосема поинакви мисли во мојата глава. Наспроти се’ што упропасти 2020, сепак наоѓа начин за совршени залези. Охрид 2020 – фала ти“ – напиша Миа Костова додека уживаше во глетката на залезот зад езерската земја со поглед… меѓу нозе!

Коронавирус