среда, 28. септември 2022. Вести денес: 115
home Познати

Во брак се 20 години и зрачат од љубов, но ставаат крај на тоа

-Скоро воопшто не минуваат време заедно, но нивните пријатели и понатаму се надеваат дека всушност ќе сфатат колку се сакаат. Но, проблемот е што и двајцата ги откриват убавините на соло животот и уживаат во него, а се чини и дека се посреќни вака, открил извор близок до парот.
Во брак се 20 години и зрачат од љубов, но ставаат крај на тоа

Славниот пар кој беше 20 години во брак веќе не живее заедно и се подготвува на поделба на имотот вреден 270. милиони долари.

Иако со години се шушкало за проблеми во бракот, Вил Смит и Џада Пинкет, минатата година прославиле 20. годишница од својата венчавка. Сите наводи за разидувањето секогаш остро ги демантирале, но порталот Radar Online, сега пишува дека двојката сепак живее одвоено и тоа откако нивните деца се иселиле од нивниот дом и почнале самостоен живот.

Пријателите тврдат дека, ако одењето на брачно советувалиште не вроди со плод, ќе поднесат барање за развод на бракот и распределба на имотот чија вредност се проценува на 270. милиони долари.

-Скоро воопшто не минуваат време заедно, но нивните пријатели и понатаму се надеваат дека всушност ќе сфатат колку се сакаат. Но, проблемот е што и двајцата ги откриват убавините на соло животот и уживаат во него, а се чини и дека се посреќни вака, открил извор близок до парот.

Најнови вести

Коронавирус