четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 77
home Познати

Во 2016 предизвика с*кс скандал на Евровизија каков што организаторите не паметат- оваа година Србија повторно ја испраќа неа (ВИДЕО)

Во 2016 предизвика с*кс скандал на Евровизија каков што организаторите не паметат- оваа година Србија повторно ја испраќа неа (ВИДЕО)

Србија вчера го одбра својот евровизиски претставник за 2020 година.

Групата „Хурикејн“ со песната „хаста ла виста“ ќе ја претставува државата на евровизиското шоу во Ротердам во мај годинава.

Сепак овие претставнички наидоа на негативни коментари во соседна Хрватска.

Тамошните медиуми на големо пишуваат за главниот вокал на групата Сања Вучиќ која Србија веќе ја претставуваше на Евровизија во 2016 година со песната „ЗАА“.

Имено таа на тамошната Евровизија беше во центарот на вниманието на медиумите поради с*кс скандалот кој го обелодени британскиот весник „Сан“.

Како што тогаш пишуваше весникот пејачката сакала да го заведе британскиот претставник викајќи го во нејзината хотелска соба. Иако Џо Вулфорд успеал да не наседне на мамката, таа и понатаму го прогонувала.

„Дејли Стар“ пак сето ова го нарече евровизиски с*кс скандал, а организаторите биле шокирани од нејзиното однесување.

-Сања цело време го напаѓала Џо и била опседната со него, тврдеше извор во 2016 година, пренесуваат хрватските медиуми.

Инаку останатите две членки од групата немаат речиси никакво минато зад себе освен професионалното.

Коронавирус